Околу 1.000 пожарникари и 15 противпожарни авиони беа вклучени во гаснење огнена стихија во централниот дел на Португалија.

Пожарот избувна во близина на Проенца а Нова, 200 километри северно од главниот град Лисабон.

Според пожарникарите, отежнувачки околности при гаснењето на пожарот се силните ветрови и специфична вегетација што многу лесно гори.

Повеќе од 20 лица беа евакуирани поради пожарот што избувна во неделата, додека пет пожарникари беа повредени откако се запали нивното возило.

Пред три години 106 лица загинаа во два големи пожари во таа држава.