Повеќе од сто луѓе беа евакуирани во пожар што избувна во едно од најстарите воени училишта во Русија ноќеска во центарот на Москва, јавуваат руските медиуми.

Пожарот се прошири на површина од илјада квадратни метри, достигнувајќи до третиот спрат од студентскиот дом. Огнот предизвика делумно рушење на покривот. Министерството за одбрана извести дека во инцидентот нема ниту еден повреден.

Во гасењето на пожарот учествуваше министерството за одбрана и противпожарната служба. 120 пожарникари и 29 опремени единици се бореа со пламените јазици кои имаа потешкотии поради големото количество чад и дрвената структура на објектот која лесно го ширеше оганот.

Универзитетот е во срцето на Москва, околу 3 километри оддалечен од Кремлин и се смета за водечки едукативен и научен центар на Армијата на Русија.