Пожар ноќеска избил во кумановскиот суд извести Регионалниот центар за управување со кризи од Куманово.
– Пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенира на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 противпожарни возила. Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен, соопштија од ЦУК.
Претседателката на судот Снежана Манева за ТВ Телма потврди дека избил пожар во подрумскиот дел во една од просториите во кој се наоѓа архива од предмети.
-Се уште чади и се расчистува. Не знаеме засега кои се причините, дали е подметнат или е од електрична инсталација. Тоа ќе покаже истрагата. Зафатена е една подрумска просторија, ни рече Манева.
Во зградата се наоѓа и Основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.