Пожар избувнал го компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
– Има голем пожар во Трубарево, со кој се зафатени отпадни материи, се гасне со повеќе екипи, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Како што рече, веќе е изгаснат пожарот кај стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче.