Невидените шумски пожари што беснеат во американската сојузна држава Орегон, доведоа до тоа околу половина милион луѓе да наоѓаат во состојба на готовност за евакуација, а пожарникарските екипи од вчера презедоа офанзива против пожарите и на секој начин ги користат моменталните поволни временски услови за огнената стихија да ја стават под контрола.
За само неколку дена, пожарот во оваа држава уништи илјадници станбени објекти, а Орегон летово стана епицентар на пожарите што го уништија Пацифичкиот брег на САД.
Британските медиуми јавуваат дека билансот на досегашните пожари е уништена територија со големина на државата Њу Џерси и најмалку 25 човечки жртви.
Гувернерот на Орегон, Кејт Браун, потврди дека неделава загинале пет лица и предупреди дека бројот на загинати може да биде далеку поголем бидејќи повеќе од десетина лица од три окрузи се водат за исчезнати.
Шефот на канцеларијата за управување со вонредни состојби, Ендру Фелпс, изјави дека припадниците на специјалната служба влегле во десетина разурнати градови каде ги проверувале пожарите и барале можни жртви.
Небото над трите држави на американскиот северозапад, Калифорнија, Орегон и Вашингтон се прекриени со чад и пепел, а квалитетот на воздухот се чини дека е со најнизок во светот.