Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва.

Жена изгорела во куќата што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа влегла во куќата, а потоа не успеала да се извлече пред пламените јазици.

– Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Стојан кој живеел со Стојанка, пренесува ТВ24.

Полицијата не може да го потврди ова сѐ додека не го најде телото. Моментално, тие немаат пристап до куќата поради пожарот кој што сѐ уште беснее.

Инаку од МВР за КУРИР потврдиле дека е опожарен дом, но екипите се на терен и повеќе детали како и за тоа дали има жртви најавуваат за наскоро во текот на вечерта.