Позитивен тест на Ковид 19 кај негувателка и дете времено ја затвори градинката во Чешиново. Објектот Штркче по препорака на епидемиолог нема да работи до 30 ти септември а во изолација се сите кои биле во контакт со заразените. Вонредна дезинфекција и домашен карантин и за група на дечиња од градинката Гоце Делчев во Виница каде една од вработените има корона вирус, објавува Сител.
-Групата со 12 дечиња, воспитувачката и негувателката која беше на замена по препорака на епидемиологот одат во 14 дневна изолација. Има насоки да се следи нивната состојба дали ќе има промени. Направена е дезинфекција во просторијата, вели Наташа Анакиева Димитрова, директор на градинка Гоце Делчев – Виница.
Пред 2 дена корона вирусот беше потврден и кај две негувателки во тетовска градинка и нивните групи со деца се во изолација. Во домашен карантин се и деца од кочанска градинка по потврден случај кај психологот во установата а во Струмица вирусот беше дијагностициран кај три дечиња од иста група. Заразени пријавија и во битолска детска установа и во две градинки во Скопје. Епидемиолозаите велат дека е очекувано да има позитивни во објектите за згрижувањ ена деца бидејќи изминатиот период има значитењлен пораст на ковид позитивни во државата.
Само минатата недела за 35 проценти е поголем бројот на позитивни случаи во споредба со претходно анализираниот период. Минатата недела Ковид 19 бил потврден кај 37 деца до 9 годишна возраст а 33ца од минатонеделните заразени со вирусот патувале во странство.