Третата борба меѓу шампионот во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Британецот Тајсон Фјури и Американецот Деонтеј Вајлдер е одложена за 9 октомври, објави „Топ ранк“ на Твитер.

Претходно стана познато дека 32-годишниот британски боксер се заразил со коронавирус.

Трилогијата Вајлдер – Фјури беше закажана за 24 јули. Нивната прва борба во декември 2018 година заврши нерешено. Во февруари 2020 година, Британецот го нокаутира Американецот и му го одзеде појасот во тешка категорија ВБЦ.

Триесет и петгодишниот Вајлдер има 42 победи (41 со нокаут), 1 пораз и 1 нерешен резултат. Три години помладиот Фјури има 30 победи (21 со нокаут) и 1 нерешен резултат.