Пожарот кој вчеравечер избувна во париската катедрала Нотр Дам е несреќен случај, соопшти францускиот обвинител Реми Хеитз, задолжен за истрагата. Обвинителот потенцира дека пожарот не е подметнат и дека не станува збор за намерно палење.

Оваа истрага е исклучително опширна и комплицирана и во неа моментално соработуваат педесетина лица. Сите ја фаворизираме теоријата дека пожарот е предизвикан од несреќен случај, рече тој.

Пожарникарите во вторникот ги гасната остатоците од пожарот кој ја зафати прочуената париска соборна црква посветена на Пресвета
Богородица попозната како Нотр-Дам, а властите покренаа истрага за огромниот пожар кој во понеделникот вечерта избувна во катедралата во самиот центар на француската престолнина Париз, уништувајќи ги целосно нејзиниот покрив и кулата.

Стотици пожарникари се бореа со огнот кој го уништи покривот и осум века старата кула од камбанеријата на катедралата. Пожарот траеше осум часа пред да биде ставен под контрола и спасени се камбаните и надворешните ѕидови. Огнот и натаму тлее во внатррешноста на храмот, а ќе биде потребно темелна проверка на состојбата на остатокот од градбата, соопшти помошникот на министерот за внатрешни работи, Лорен Нуњез.

Канцеларијата на парискиот обвинител објави дека започнала истрага за пожарот.Неколку различни полициски извори за париските медиуми откриваат дека истрагата се води под претпоставка дека огнот бил несреќен случај.

Пожарот избувнал на дрвениот покрив од катедралата на кој работниците изведувале опсежна реконструкција на урнатата ограда, на дотраените скулптури и на дрвената рамка на кулата.

Стотици минувачи и парижани во неверување се собраа на брегот на Сена и со ужас го гледаа пожарот, молејќио се и пеејќи црковни песни до доцна во ноќта.

„Постоеше опасност да се уништи симболот на нашата вера“, изјави францускиот министер за култура Франк Риестер за телевизијата CNews. Оцени дека главната структура на зданието е спасена, но оти ситуацијата „и натаму е тешка“. Две третини од површината на покривната конструкција изгорела, се урнал врвот (или кулата) и дел од попречиот брод. Отларот и олтарниот крст биле спасени.

Мултимилионски донации

Францускиот претседател Емануел Макрон им вети на Французите дека катедралата, којашто секоја година ја посетуваат повеќе од 13 милиони луѓе и претставуван уникатен пример на француската готска архитектура, ќе биде обновена. Истовремено започна акција за собирање средства за целосна реконструкција на Нотр-Дам низ целиот свет.

„Ќе ја обновиме заедно. Тоа без дилеми ќе биде дел од француската судбина и наш проект за претстојните години“, истакна Макрон околу полноќ пред катедралата.

Француската огранизација Fondation du Patrimoine, чија цел е зачувување на француското културно наследство, упати меѓународен повик за собирање пари за обновувањето коешто веројатно ќе чини неколку стотини милиони евра. Покренати се и кампањи во САД, а многумина преку социјалните мрежи најавија свои продонеси.

Двајцата најбогати Французи, Франсоа-Анри Пинол, извршниот директор на групацијата „Kering“ која е сопственик на брендовите „Gucci“ и „Yves Saint Laurent“ најавија 100 милиони евра, а Бернар Арнол, мнозински сопственик на групацијата LVMH, рече дека ќе даде 200 милиони евра донација. „Оваа трагедија ги погодува сите Французи и во прв ред оние кои се врзани со духовните вредност“, рече Пинол.

Кустосот на катедралата, монсињор Патрик Шове, објави дека е спасена неколку векови старата круна од трње и туниката а која се верува дека ја носел свети Луј, инаку Луј Деветти францускиот крал од XIII век. Бакрените скулптури на дванаесетте апостоли и четворицата евангелисти биле отстранети минатата седмица во рамките на реновирањето.