Пратеникот Љубен Арнаудов, кој е еден од обвинетите во случајот за настаните во Собранието за 27 април минатата година, излегува од куќен притвор откако Апелацискиот суд му ја прифатил жалбата.

Пред Судот Арнаудов достави гаранција од 300.000 евра.

Во куќен притвор останува само пратеникот Крсто Мукоски, откако претходно од куќен притвор беше пуштен Сашо Василевски.

Арнаудов, по денешното рочиште за случајот „27 април“, рече дека уште во јули имаат поднесено барање со кауција, така да останува да се произнесе судот.

Прашан дали би гласал за уставни измени во замена за амнестија, Арнадуов рече дека засега нема размислувано.

– Засега немаме ништо размислувано, ама секако ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија и македонскиот народ, рече Арнаудов.