Бараме декласификација на вакцинираните веднаш. Филипче продолжува да фрла сомнеж дека има вакцинирани преку ред, изјави денеска пратеникот Миле Лефков во Собранието на Република Македонија.

-Доколку Филипче продолжи да бега и не ја објавува листата на вакцинирани само ќе се потврдат тезите објавени во медиумите дека одредени владини функционери се вакцинирани преку ред. Филипче ја крие листата на вакцинирани. Кого штити Филипче? Кого крие Филипче? Дали постојат уште случаи како тој со вакцинацијата на секретарот на болницата во Струга, па Филипче ги крие или пак вакцинирани се високи владини функционери или нивни фамилии? Што е спорно, ако е испочитувана процедурата да се објави списокот на вакцинирани? Дали Филипче крие некого кој се вакцинирал и кого? Со секој поминат ден без да ги објави податоците Филипче фрла сомнеж дека има вакцинација преку ред. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш Филипче да ги обелодени вакцинираните. Народот има право да знае. Со молчењето Филипче само за кратко ја штити својата фотеља, но ја загрозува цела Македонија, изјави Левков, претеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на крајот додаде: Одговори веднаш!