Јован ЈАУЛЕСКИ, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Миле стана ,,боксерска вреќа” за криминалците од власта.
Миле се апси доколку некој висок функционер има лош ден, ете така, од ќеиф.
Миле се апси ако некој друг направи криминал, Миле се апси за дури и ако Русија испука проектил во Запорожје.
Додека кланот од Зајас и нивните слуги од СДС добиваат концесии, градат хидроцентрали, купуваат дуќани и трговски центри, за дефокус ќе се апсат членови на опозицијата.
Миле е дежурен виновник во државава, додека вистинските криминалци ја празнат државната каса и си препишуваат тендери, делат грантови и пред очите на целата јавност крадат и око не им трепнува!
Тркалото се врти, неправдата не носи правда, изживувањето раѓа одмазда.
Кога улогите ќе бидат заменети правдата ќе биде ваша најголема казна која ќе ве однесе зад решетки.
Миле брат, семејството ќе биде живо и здраво бидејќи сѐ уште имаш пријатели кои ќе се грижат за нив.
Ќе издржиш!