Бујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно во ДУИ предизвикале трауми скандалите за милионските бизниси на Дрин, Бесиан и Шкумбин Ахмети, па Османи почна да повторува изјави од пред една година. Нека се свести Османи, не е ниту 2017, ниту 2018, ниту 2019 година. ДУИ и СДС се целосно развластени, фатени во криминал до гуша, а од одговорност не ги спасува никој. СДС и ДУИ се единствено одговорни за сите криминали, корупција и хаос во кои тоне државата, а за кои нотираат и сите меѓународни организации, а последно дојде и од Стејт Департментот со ставањето на Мерко на црна листа. ДУИ и СДС треба што поскоро да си заминат од власт, се вели во реакцијата на партијата.

Соопштението доаѓа по изјавата на Османи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на телевизија ќе гледаат како пратеници од опозиционата партија гласаат за уставните измени.