Почнаа да ги менуваат резултатите од пописот, а за тоа се оди 5 години во затвор, вели пратеникот од Левица, Борислав Крмов.
-Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки! Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764 ?! Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал! Оваа лакрдија веднаш да се поништи! Сите ќе одговарате, објави Крмов на Фејсбук
Крмов пораката ја завршува со хаштагот ПописенФалсификат.