Пратеникот Иван Стоилковиќ, лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од премиерот Зоран Заев да се изјасни дали ги застапува и ги браниинтересите на Македонија или на големоалбанскиот шовинизам.
Ова Стоилковиќ го напиша на профилот на Фејсбук, по повод изјавите на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и во Црна Гора разговарал а „пакт против Србија“.
– На чија страна сте Вие господине Заев и чии интереси браните и застапувате, на Република Македонија или на големоалбанскиот шовинизам, дали застапувате регионална соработка и стабилност или по теркот на фашистичкото минато ја впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија?- прашува Стоилковиќ.
Тој истакнува дека јавно го повикува Заев да одговори на прашањето во врска со неговата политика во однос на повикот за „пакт птотив Србија“.
– Бидејќи никој нема храброст да го праша претседателот на Владата за неговата политика и ставот на неговиот владин кабинет по однос најавеното учество на Македонија во создавање на „пактот против Србија“ еве јавно го повикувам да одговори и ја информира македонската јавност во однос на оваа многу едноставно прашање, пишува Стоилковиќ.