Правдата со СДСМ на власт е мисловна именка, доказ за тоа е и ослободувањето на Драги Рашковски, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
-Пионот Ковачевски го ослободи миленикот на Зоран Заев. Рашковски се смее на правдата во лице, наместо во затвор му се укина и куќниот притвор. Останаа недоговорени прашања по која линија Александар Пиперевалиев му е братучед и како од Дрисла се исплатени 850.000 евра за багери!? Рашковски е човек кој што го негираше и софтверот што го продаде на МВР, а којшто не е одговара на системот на камери. Рашковски го негираше и „Леонардо“, па излезе аудио-снимка којашто ја потврди. Скандалот ШИК Јелак како и другите останаа нерасчистени. За човекот кој што делеше „два три шамари“ според власта не е криминалец, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Наспроти оваа „правда“ е онаа за македонските патриоти кои лежат во затворите. Според ваквата правда „поопасни“ се тие што извикуваат Македонија од тие што крадат милионски суми евра од македонските граѓани на тендери или друг начин, притоа користејќи ги привилегиите што се на власт.