Во последните 24 часа се направени само 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи со Ковид-19. Намалениот број на тестирања е поради празничниот викенд, кога не работат јавните лаборатории.
Од новите случаи во Скопје се 54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2. Во болнички услови починати се тројца пациенти од кои еден од Скопје (48 г.), еден од Струга (78 г.) и еден од Струмица (68 г.).
Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8626, активни 1802
• Куманово 1886, активни 172
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1368, активни 123
• Прилеп 814, активни 163
• Тетово 1607, активни 222
• Струга 720, активни 61
• Велес 385, активни 63
• Битола 389, активни 102
• Охрид 463, активни 47
• Кавадарци 281, активни 60
• Гостивар 991, активни 84
• Гевгелија 202, активни 92 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 437, активни 260
• Крива Паланка 155, активни 49
• Радовиш 141, активни 58
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 506, активни 213
• Пробиштип 129, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 153, активни 54
• Валандово 65, активни 41
• Виница 138, активни 45
• Делчево 193, активни 101 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 403, активни 58
• Кичево 357, активни 32
• Ресен 170, активни 9
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 680 теста се преку: ИЈЗ-153, ЦЈЗ Скопје-9, Авицена-0, Биотек-159, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -166 , Систина со PCR метода -160, Инфективна клиника-1, ГАК-13, Синлаб-19. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми. Вкупно хоспитализирани се 44 пациент од кои на респиратор се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 89
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 338
• Карпош – 317
• Центар – 328
• Кисела Вода – 209
• Ѓорче Петров – 154
• Бутел – 70
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 12
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 6
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен – 20 .