Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ за уште еден мандат, Стево Пендаровски, вчера со порака од граѓаните на транспарент беше пречекан во Крива Паланка.
„Вака Крива Паланка го пречека Стево Пендаровски!
Повеќе од јасно е дека Стево Пендаровски ќе си ги спакува куферите и ќе оди во политичка пензија затоа што ништо добро не направи за Македонија“ – пишува во објавата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка.