Бугарскиот премиер Бојко Борисов на 1 август ќе престојува во посета на Скопје каде што заедно со премиерот Зоран Заев ќе ја одбележат двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Борисов и Заев ќе имаат средба на која ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план, а двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Предвидено е Борисов во Скопје да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски.

Во Дојран Борисов и Заев ќе го откријат и споменикот на полковник Константин Каварналиев.