Почна полицискиот час во главниот град на САД. Воведен е откако поддржувачите на Трамп влегоа во Капитол Хил и ја прекинаа седницата на Конгресот на која се расправаше за изборните резултати.
За смирување на ситуацијата употребена е Националната гарда на САД.
Една жена е тешко ранета откако куршум ја погодил во вратот, а дузина полицајци се повредени. Штотуку е обајевна дека таа починала од повредата.
Во моментов пред Капитол Хил е мирно, а демонстраните полека се разидуваат откако Трамп ги повика да се смират, а на јавноста и се обрати и Бајден.
Полициски час е прогласен и во два града во државата Вирџинија.