Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш објави изјава со осуда на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата во Капитол, нарекувајќи го „мачен“ чин што „крши срце“, објавија американските медиуми.

„Така се оспоруваат изборните резултати во банана републики, а не во нашата демократска република“, посочи тој.

„Јас сум згрозен од несовесното однесување на некои политички лидери од изборите и недостатокот на почит кон нашите институции, нашите традиции и нашето спроведување на законот, што можеше да се види денеска“, наведе Буш во изјавата во која не се споменуваше името на Трамп, но јасно се подразбира на него и другите републикански функционери, јави Си-Ен-Ен.

Според поранешниот претседател на САД, нападот врз Капитол бил инициран од „луѓе чии страсти биле разгорени од невистина и лажни надежи“.