Ќе дува умерен, на некои места и тоа особено долж Повардарието засилен ветер од северен правец, додека температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на значително опаѓање и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 12 степени.

Поради значителното заладување, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да дојде и до провејување на слаб снег.

Во текот на утрешниот ден врнежите ќе престанат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Во сабота, утрото, пак, ќе биде зимско и студено, со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Поради ваквата ситуација, ги советуваме земјоделците на време да ги заштитат своите земјоделски култури и посеви, поради опасноста од можна појава на слаб мраз и слана.