Една медицинска сестра, вработена на педијатрија, решила да посвои бебе за кое се грижела во болницата и да стане самохрана мајка.

Клер работи 12 часа на ден на одделот за детска интензивна нега во болницата во Тексас.

Нејзиниот живот се сменил целосно кога го запознала малиот Џексон. Тој е бебе, кое е родено предвреме и тежел 1,5 килограми. „Веднаш почувствував поврзаност со него“, вели Клер.

Мајката на бебето поминала царски рез, а Џексон останал на интензивна нега првите 5 недели од неговиот живот. Клер се грижела за него.

Таа стана многу блиска со бебето и неговата мајка. Била тажна кога мајката и бебето ја напуштиле болницата и го повикаа социјалниот работник задолжен за семејство.

Мајката на Џексон не можела да му приушти добар живот на бебето, па ја контактирала Клер и ја замолила да се грижи за детето. За Клер тоа било како знак од Бога.

Таа ја прашала мајка си дали може да посвои бебе и да стане самохрана мајка. Мајка и била воодушевена.

Клер посвоила Џексон. Не и било лесно да премине од безгрижен  живот во самохрана мајка. „Првата недела беше полна со плачење. Се чувствував како да плачам секој ден “, вели таа. Па си направила распоред, а нејзината мајка ја поддржувала. Додека Клер работела 12-часови, Џексон бил со својата баба. Клер го посетувала секој ден пред работа, а останувала со него 3 дена во неделата.

„Тој е многу среќен. Тој е толку скапоцен “, вели таа. Џ сега има 4 месеци, здрав е и добро јаде. Клер вели дека добил неколку килограми и го освоил нејзиното срце. „И јас сум предвреме родена и тоа влијаеше врз мојата одлука да станам медицинска сестра во одделот за интензивна нега“, додаде таа.