Бугарски „Капитал“ јавува дека за време на коалицискиот совет, премиерот Петков предложил нешто што се поклопува со сите досегашни барања на официјална Софија.

„Според присутните, тој предвидува условите што ги постави Бугарија да бидат вклучени во преговарачката рамка на Македонија со Европската комисија (ЕК). Во пракса тоа значи дека позицијата на Бугарија ќе стане став на ЕК. И на овој начин ќе се гарантира исполнувањето на бугарските услови. Но, вклучувањето на условите во преговарачката рамка зависи и од согласноста на другите земји-членки на ЕУ.

Сличен начин за излез од ќорсокакот пред петочната средба навести и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов. „Нашите очекувања се поврзани со заштитата на човековите права. Тоа се теми поврзани со основните критериуми за општиот прием во процедурата за прием, таканаречените Копенхашки критериуми.