КОВАЧКИ: Екс декан на ФОН бил платен со државни пари да пишува на ФБ за кампањата на СДСМ

/ 28.05.2022

Додека ја чекаме Министерот за одбрана Славјанка Петровска да се произнесе за криминалот од 90 милиони со резервните делови за оклопните транспортери (платени по цена за транспортери, а примени делови со многу послаби карактеристики т.е. за камион), ќе објавам уште еден Извештај како доказ за злоупотреба на државни пари кои овој пат се исплатени на угледен професор по право (бил и Декан на ФОН) за неговиот ангажман за потребите на Министерство за одбрана, односно на СДСМ, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Погледнете го документот што угледниот професор и договорец на дело, не се срамел да го напише и потпише и се’ ќе ви биде јасно.


Накратко:
Министерството за одбрана, за потребите на партијата СДСМ, по Договор за дело си ангажирало извесен професор доктор на правни науки кој имал ЗАДОЛЖЕНИЕ да пишува текстови на социјалните мрежи со поддршка за нивната коалиција “Можеме”, да ја следи изборната кампања и да заедно со генералот во пензија Илија Николовски вршат агитација во АРМ за потребите на нивната коалиција.
За неговите активности, ангажираниот договорец на дело, си составил извештај и го доставил до Државниот секретар на МО. Секако, за тоа што ги фалел СДСМ на мрежите, а го омаловажувал ВМРО-ДПМНЕ, си земал народни пари.
Устите на неспособните од СДСМ им се полни со департизација на АРМ, а го прават токму спротивното. Знаат дека не ги бива, а толку се бескрупулозни што од угледен професор и доктор на науки направиле класичен бот за социјални мрежи (!!!).
Овде се отвораат многу прашања, но еве само 5:
1. Колку такви “професионални” договорци на дело – ботови има во МО?
2. Колку такви има во другите институции?
3. Колку пари од буџетот се испумпани на овој начин?
4. Има ли друга држава-членка на НАТО во која се случуваат вакви злоупотреби на службената позиција од страна на раководните лица?
5. Нормално ли е во држава-членка на НАТО, после ваков скандал Министерот да остане на позиција?
*Додека генералите на АРМ за службените возила си плаќаат од џеб за промена на масло, а старешините собираат пари за хартија за печатење, раководството на Министерството тоа не го интересира, туку има друг приоритет – тотално да ја партизира институцијата и во услови на криза да си ги наградува своите.
Ова е дрскост и ова е забеганост!, пишува Ковачки на Фејсбук.

 

 


Од истата категорија