Откако подмладокот на СДСМ подготви табло со „неработниците и класниот“, на кој се објавени фотографии на опозициските пратеници во Собранието на Македонија, на социјалните мрежи е објавено и контра табло.

На контратаблото насловено како „државна криминална академија“ се објавени фотографии од актуелни и бивши државни и партиски функционери на СДСМ.

Ги објавуваме таблото и контра таблото. За првото се знае потеклото дека е од СДММ, а второто кружи на социјалните мрежи, но авторите не се познати.

„Работливите“ социјалдеморати  денеска се погрижиле нивната креација за „неработниците“, односно таблото што го подготвиле, да го постават на повеќе локации низ Скопје. А второто за „криминалната академија“ засега може да се види само на социјалните мрежи.