Иран е на работ на „револуција“, го пренесува британски „Експрес“ предупредувањето од експерт во период кога бесни демонстранти се на улиците и изивкуваат „смрт за диктаторот“.

Според експертот, тензиите дошле до точка на вриење на Блискиот Исток откако претседателот на САД, Доналд Трамп му воведе тешки економски санкции на Иран со цел дополнително да ја поткопаат исламската република.

Мерките вклучуваат и трговија со автомобили, злато и друга трговија со метали, како и владината можност да купува долари. Мерките стапија во сила во понеделникот.

Годинава иранскиот риал на неофицијалниот пазар загубил половина од својата вредност во однос на американскиот долар, додека цените на овошјето и зеленчукот се покачиле за 50 проценти.

„Експерс“ ја пренесува изјавата на Ханиф Јазавери од Национланиот совет на отпорот на Иран кој вели дека луѓето извикуваат по улиците и повикуваат на смрт на претседателот Хасан Рохани и на врховниот лидер ајатолахот Али Камнеи.

Тој предупрдува дека народот се буди со сфаќањето дека „можна е нова револуција“.

Според него разликата со протестите од 2009 година е што сега лужето директно бараат смрт за двајцата лидери. „Тие урнаа многу рабуа“, вели Јазавери.