Преселните птици го најавија доаѓањето на пролетта во Македонија, вчера штрковите во Чешиново, а денеска и ластовички во Скопје.

Денеска во скопската населба Ново Лисиче забележавме јато ластовички кои летаа околу старите гнезда на зградите во Реонски центар, кај маркетот на Рамстор. Можеби ластовичките пристигнале и порано.

Денеска објавивме дека во Општина Чешиново-Облешево вчера пристигнаа и првите два пара штркови.

Се поголемиот број расцветани дрвца, враќањето на птиците преселници и топлото време, навестуваат нова пролет во Македонија.