Слепата пророчица, која го предвиде Брегзит, нападот врз кулите близначки и создавањето на ИСИС, исто така, предвидела и неколку настани кои треба да се случат во 2019 година.

Баба Ванѓа, ја нарекуваат и „Нострадамус на Балканот” поради нејзините предвидувања, кои се чини дека одекнуваат со морничава привлечност, пишува британски „Мирор”.

Теоричарите на заговор веќе долго време длабоко ги почитуваат нејзините пророштва за глобални настани и природни катастрофи – и покрај фактот што таа е мртва повеќе од две децении.

Што предвидела за 2019 година?

Таа предвидела некои клучни околности во следните дванаесет месеци, вклучувајќи го и економскиот колапс во Европа и обидот за атентат врз Владимир Путин.

Таа верувала дека заканата за Путин ќе дојде од неговиот тим за безбедност – но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре.

Таа предвидела огромно цунами, слично на она во 2004 година, кое ќе ја погоди Азија, додека метеорот ќе падне во Русија.

Не само тоа. Таа видела дека Доналд Трамп ќе заболи од мистериозна болест, од која ќе го избуби слухот. Исто така, ќе страда од мозочни нарушувања.

 

View this post on Instagram

 

#tarot#iskambil#fall#kahve#hellseher🔮#nostradamus#babavanga#sufalı

A post shared by Nostradamus Falcı Wahrsager (@nostradamus_falci) on

Родена како Вангелја Гуштерова, баба Ванѓа почина во 1996 година и веќе ја изгради својата репутација на Балканот како пророчница.

Почина на возраст од осумдесет и пет години.

Пророчицата беше делумно слепа и легендата вели дека таа мистериозно го изгубила својот вид, откако преживеала торнадо во нејзиното детство.

Предвидела стотици настани за време на нејзината 50-годишна кариера, од кои повеќето не се напишани.

Таа стана светски позната по предвидување на тонењето на Курск во 2000 година

 

View this post on Instagram

 

#Bulgaria#Petrich#Rupite#BabaVanga

A post shared by Liana Mukhamedkarimova🌙 (@lianka_022) on

Милиони приврзаници сметаат дека има паранормални способности, како што се телепатија и комуникација со вонземјани.

Во 1989 година, таа виде дека Америка ќе биде погодена од терористички напад од „две челични птици”.

– Ужас, хорор! Американските браќа ќе паднат, бидејќи ќе ги нападнат „челични птици”. Волците ќе завиваат во конфузија и ќе се пролее невина крв, рече таа.

Баба Ванѓа, исто така, предвиде дека инвазијата на исламските екстремисти во Европа во 2016 година, судирот што предвиде дека ќе започне со арапската пролет на 2010 година.

Таа, исто така, предвиде дека Владимир Путин и Русија ќе владее со светот.

– Сите ќе паднат, како мраз кога се топи, само еден ќе остане недопирлив – Владимирова слава, слава на Русија, рече таа во 1979 година на средба со писателот Валентин Сидоров.

– Премногу жртви се принесени. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе биде господар на светот, додаде таа.

Експертите пресметаа дека 68 проценти од нејзините пророштва биле исполнети – дефинитивно помалку од 85 проценти, како што тврдат нејзините обожаватели.