Повеќе од три милиони жени во Турција од 2018 година ја презеле апликацијата КАДЕС, што обезбедува помош со насочување на безбедносните сили при семејно насилство неколку минути по испраќање сигнал, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
– Оваа година, нашата цел е да ги научиме мажите ширум земјата да применуваат самоконтрола за да се стави крај на семејното насилство, рече Сојлу на конференцијата насловена „Национален план 2022: Борба против насилството врз жените“.
Според податоците што ги изнесе турскиот министер, покрај КАДЕС, полицијата во овие три години добила 279 илјади сигнали од жени кои побарале помош.
– Исто така, формиравме специјални служби во полициските оддели во сите 81 окрузи за борба против насилство врз жените, додаде тој.
– Имаше 268 убиства на жени во земјата во 2020 година. Тој број се зголеми за 15 отсто во 2021 година на 307, рече министерката за семејство и социјална заштита Дерја Јанак, организатор на настанот.
Министерот за образование Махмут Озер информира дека од 2014 година бројот на студентки почнал да расте и во 2021 година го надминал бројот на машки студенти.