Германската министерка за надворешни работи, Аналена Барбок му даде поддршка на новиот француски предлог за решавање на спорот меѓу Макеоднија и Бугарија, кој бугарски БГНЕС, секогаш изворно и добро информиран, го оцени како предлог со кој се задоволени сите бугарски барања.

Барбок пак истакнува дека ова компромис кој не смее да се пропушти. Тоа отприлика значи дека и без да го видиме предлогот, направен е некаков компрмис со нашата историја, идентитет и јазик, така што општите рамки на францускиот предлог може да се исцртаат сеедно што вели владината пропаганда. Разликата е во тоа што сега, зад компромисот кој за Барбок е добар, застанува и Германија.