Екипата на Фулам следната сезона ќе игра во Премиер лигата, откако синоќа во финалето на плеј-офот го совлада Брентфорд со 2:1.
Трите гола беа постигнати во дополнителните 30 минути, а по основните 90 минути резултатот беше 0:0.
Џо Брајан беше двоен стрелц кај Фулам (105. и 117. минута), голот за престиж кај Брентфорд го постигна Хенрик Далсгард.
Фулам се врати во елитата по само една година.
Претходно, учество во Премиер лигата изборија Лидс и Вест Брмович, а од елитата испаднаа Борнмут, Вотфорд и Норвич.