Бразилскиот 30-годишен фудбалски репрезентативец Каземиро го напушти Реал Мадрид, чиј дрес со успех го носеше изминатите години, и потпиша договор со Манчестер јунајтед со важност до 2026 година.

Финансиските детаљи од договорот не се официјално објавени, но според повеќе извори, трансферот е вреден 60 милиони евра плус десет милиони евра кои мадридскиот клуб треба да ги добие во бонуси.

Каземиро во Реал беше еден од клучните играчи и учествуваше во сите големи успеси на Кралскиот клуб во последните неколку години.

Бразилецот дојде во Реал во 2013 година, настапувајќи пред тоа за Сао Паоло.