Тимот на Манчестер сити се запиша во историјата на Премиер лигата како прв којшто остварил победа во првиот натпревар десет сезони по ред.

Сити синоќа го совлада Вулверхемптон во мечот од 2. коло во Англискиот шампионат со 3:1. Ова беше прв натпревар за граѓаните во оваа сезона.

Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Кевин Де Бруин, Фил Фоден и Родри, за за домаќините погоди Раул Хименез.