Во последните 10 години само еден тим е полош од Манчестер јунајтед во реализација на удари од 11 метри.
Играчите на Манчестер Јунајтед не постигнаа 17 пенали од 58, односно имаат реализација од (70,7%), пренесува „Дејли меил“.
Од екипите кои моментално играат во Премиер лигата, само Норвич изведувал полошо пенали – промашија 16 од 43, односно имаат реализација од 62,8%.
Најдобрите во оваа статистичка категорија во последната дека од Англиското фудбалско првенство се играчите на Вест Хем кои имаат постигнато 35 од 40 (87,5%), односно само пет промашени пенали.