Манчестер Сити синоќа го победи Ливерпул со 4:0 и испрати сериозна порака до „црвените“ за следната сезона.

„Граѓаните“ тотално доминираа и можеа да ги победат „црвените“ уште посериозно, откако тие имаа низа пропусти. Сепак, избраниците на Гвардиола му покажаа на противникот дека разликата помеѓу двете екипи во пласманот е навистина нереално голема.

Кевин де Бруин, Рахим Стерлинг и Фил Фоден одиграа одличен натпревар за „небесносините“, кои беа исклучително мотивирани уште од првата минута и не оставија сомнеж во нивната супериорност.

Изненадувачки, шампионите на Јирген Клоп не покажаа многу желба за битка и добија силен шамар што сигурно ќе ги спушти на земја, и покрај тоа што водат со 20 поени во пласманот.