Публиката се враќа во Битолскиот театар, и пред аудиториумот во овој град, актерите премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“.
Театарскиот проект инспириран и работен по „Мостот“ од Лорен ван Велтер ќе се одигра на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“, а ќе настапат Марјан Ѓорѓиевски кој воедно е режисер на претставата, Александар Копања и Валентин Светозарев, воедно и сценограф на првата театарска премиера во оваа година.
Во подготовката на „Ноќта кога ја убив месечината“ која финансиски е поддржана од Министерството за култура, учествуваа и кореографот Валентино Апостоловски, костимографот Благој Мицевски, тон-дизајн Николче Терзиевски, светло-дизајн Горан Петровски и инспициентот Димитар Михајловски.
Претставата е поставена на редовниот театарски репертоар и ќе се игра секоја вечер од 20 часот, на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, со примена на мерки за заштита од Ковид-19.