Јас, Димитар Ковачевски, сум Македонец од раѓање и знам дека со продолжување на европскиот пат, можам да станам само поголем и подостоинствен, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој ова го објави на својот официјален профил на Фејсбук, а објавата ја споедлуваат неговите сопартијци, министри, партиски функционери и други.
– Јас, Димитар Ковачевски, сум Македонец од раѓање. Знам една работа. Ниту една хартија не може да ми го одземе или намали мојот идентитет, јазик и историја, кои ме прават Македонец и за кои имам света обврска да ги почитувам и зајакнам. И знам дека со паметен пристап, со продолжување на европскиот пат, можам да станам само поголем, подостоинствен и рамноправен Македонец, граѓанин на Република С. Македонија и граѓанин на Европската Унија, објави Ковачевски на Фејсбук.
Оваа објава доаѓа по исвиркувањето на неговиот денешен говор во Собранието д страна на македонската опозиција, како десетдневното исвиркување од македонскиот народ кој протестира против прифаќањето на францускиот предлог за патот кон ЕУ со бугаризација на Македонија.
Видеото може да го отворите ТУКА.