Премиерот Ранил Викремесинге денеска положи заклетва како привремен претседател на Шри Ланка, додека Парламентот не избере наследник на Готабаја Раџапакса кој избега од земјата и поднесе оставка по масовните протести поради економскиот колапс на земјата.
Претседателот на Парламентот на Шри Ланка денеска изјави дека оставката на Раџапакса е прифатена и оти пратениците утре ќе се состанат за да изберат нов лидер.
Новиот претседател што ќе биде избран треба да ја извршува функцијата до крајот на мандатот на Раџапакса што завршува во 2024 година, изјави претседателката на Парламентот Махинда Јапа Абејвардана. Таа очекува тој процес да биде завршен за седум дена.
Новиот претседател би можел да назначи нов премиер кој ќе треба да биде одобрен од Парламентот.