Премиерот Димитар Ковачевски денеска запали свеќа за здравје и за успешни избори за градоначалник на Маврово Ростуше на кандидатот од неговата партија СДСМ, Медат Куртовски.
– Со посетата на манастирот св. Јован Бигорски, денеска ги започнуваме средбите со жителите од реканскиот крај во Требиште, Велебрдо, Ростуше и Јанче. Маврово и Ростуше на 20 август бира градоначалник, објави Ковачевски.
Тој под објавата додава #СДСМ со Медат Куртовски е фаворит на овие избори!