Препознаен и ценет е нашиот придонес кон регионалната безбедност и модернизацијата на нашата армија, објави денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Повод за тоа е новиот аташе на Белгија во Македонија.

– Добредојде и успешен мандат на нерезидентното одбранбено аташе на Кралството Белгија, потполковник Давид Ламбинс. Придонесот на С. Македонија кон регионалната безбедност е препознаен и ценет, изразена силна поддршка за процесот на модернизација на Армијата. Разговаравме за можностите за унапредување на соработката со сојузничка Белгија, објави Петровска на Фејсбук за нејзините денешни министерски активности.