Претеседатеот на СДСМ, Венко Филипче, очебијно е најнеинформираниот македонски политичер. Премногу одмор по јахти, очебијно влијае врз информираноста. Денеска тој изјави дека сега практично се е запрено, ништо не се случува. Обвини и дека ништо не се случувало на полето на реформската агенда за ЕУ.
-Од една страна ништо не се случува ниту со реформската агенда, нема носење реформски закони во Парламентот, ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од цела ЕУ, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата за преговори со ЕУ, изјави денеска Филипче, чија влада во 7 години 10 пати ги „отпочна“ преговорите со ЕУ, уште од дигнатите прсти во авиончето на 28 јули 2018-та.
Десетина пати потоа, пак ги „отпочнуваа“ преговорите, а целосно ги заглавија истите со Францускиот, бугарски предлог кој го прифатија наспроти противењето на јавноста (82%), опозицијата и десетиците илјади народ на улица.
Од неговиот тим треба да знаат и даму кажат на лидерот кој месец дена одмораше по Грција и Дубаи дека еврокомесарката Марта Кос не нарече шампиони на реформската агенда, истото го кажа и Каја Калас, а денеска први ја примивме одобрената транша од ЕУ заради одличните рефрормски резултати.
Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања зошто премиерот Мицкоски ја отфрли Резолуцијата која неговата СДСМ во различна форма ја потпоиша три пати, за да ја погази 101 пат, Филиче вели дека Владата наводно барала изговори. И натаму е единствен кој бара уставни измени за Бугартија, Погласно и од Радев и Бојко.
– Едно е да бараат изговори, а тоа го прави Владата. Прво бараа да има одложено дејство на уставните измени, видоа дека не може. Цела Европа им кажа дека тоа е невозможно. Бараа Бугарија да прифати пресуди на Судот за човекови права во Стразбур и тоа видоа дека не може да го изменаџираат. Не гледаме дека нешто се трудат околу тоа да направат, нема дипломатска активност на таа тема. Министерот за надворешни работи зборува за роаминг и ништо друго. Очигледно е дека се конзистентни кон тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме, рече Филипче по посетата на ОУ „Киро Глигоров“ во општина Центар.
Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се црвените линии кои ќе ги предложат во Резолуцијата, Филипче рече дека наводно разработуваат еден детален документ и оти во теков на неделава ќе го презентираат пред јавноста и пред сите политички партии. Не кажа, дали доколу се потпише и кога пак ќе го погазат потпишаното, како што беше со името, со референдумот, со Францускит предлког, со двојазичноста, со сите предавста и одродства додека беше министер во владата на неговиот ментор Заев.
Филипче на наставниците, на учениците и нивните семејства им посака успешна учебна година.