Венко Филипче има доверба соодветна на масленост на млеко, па затоа нивните јавни настапи се такви какви што се, изјави во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски пратеникот Љупчо Пренџов. Тој укажа и на фактот што СДС има 30% поголем рејтинг од Венко, што значи дека фактички секој трет член во партијата „не сака да му види очи“ на лидерот и нема доверба во неговата „работа“.
-Тоа се тие нивни утрински соопштенија, јас не знам дали соопштенијата ги пишуваат во 8.30-9 часот кога и ги пуштаат или ги пишуваат во доцните вечерни или рани утрински часови па тоа се селектира, тоа е нивна работа. Но ајде да видиме што е реалноста и што треба да се разговара, особено меѓу нив таму на Бихаќка, обвјансува пратеникот Пренџов во поткастот на КУРИР.
-Тоа што Филипче има рејтинг колку масленост на млеко е една работа. Тоа што СДС неколку пати е далеку од ВМРО-ДПМНЕ е познато. Она од кое што тие бегаат и не сакаат да се слушне е нивното бегство преку отворање на рзноразни теми, го прават за да не се отвори вистинската тема. Вистинската тема е следна. ВМРО-ДПМНЕ има Х рејтинг. Претседателот на партијата има онолку колку што имА целата партија плус определен процент. Тоа значи дека сите оние кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сметаат дека претседателот Христијан Мицкоски треба да продолжи да ја води партијата и да биде премиер. И тоа е нормална политичка состојба. Кај СДСМ, рејтингот на Венко Филипче е за повеќе од 30 проценти помал од рејтингот на СДСМ. Тоа кажува дека секој трет човек во СДСМ, член или гласач, симпатизер на партијата смета дека СДС е подобра опција, но и секој трет смета дека Венко не треба да биде претседател на партијата. Кога вие во вашата партија секој трет не сака очи да ви види, нормално е во 9 часот анутро да пишувате вакви соопштенија, да собирате баби и жаби, да констатирате и нешто што очигледно е бело да го правите црно, тоа е легитимно, затоа 3,8% следен пат ќе биде 2,3% и тоа е тоа што се случува во СДС, па се случуваат оние движења кои се случуваат и кои не сакам да ги коментирам, но она што е јавен податок и од кое што бегаат е дека секој трет човек во СДС не смета дека Венко треба да биде претседател и тоа го кажува на анкетар, посочи Пренџов во „НАТКАСТ“ со Љупчо Цветановски.




