Двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги нема никаде додека ФЗО е хакиран и и не можеше да исплаќа плати и услуги во месецов, изјави Љупчо Пренџов, пратеник на ГРОМ, во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5.
Пренџов не го спомена името директно, веројатно алудираше на Фатон Ахмети, вториот директор на ФЗО, а за првата директорка Магдалена Филиповска Грашкоска рече дека две недели не е достапна за јавноста да објасни што се случува со хакерскиот напад.
– Грашкоска ја нема две недели, а вториот директор е наводно бил на Флорида, си пушта слики од плажи, рече Пренџов, кој учествуваше во дебатата со пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Костовски и Ели Пешева.
Најавено е дека Грашкоска утре ќе одржи брифинг со претставници на медиумите, на кој ќе одговара на новинарски прашања.