Денеска е 15 октомври, според стар стил и се слави Преподобен Ефтимиј Новиот.

Роден е во Анкира (Анкара), во 824 година од праведни родители, Епифаниј и Ана.

Служеше војска, се ожени и имаше една ќерка, Анастасија. Се подвизуваше строго и долго во Олимписките манастири, а потоа на Света Гора. Извесно време живееше како столпник во близина на Солун.

Овде, во околината на Солун, основа еден машки и еден женски манастир. Се упокои на Свештениот остров близу Света Гора, кон крајот на 9 век.

Неговите свети и чудотворни мошти почиваат во Солун.