На 5 или 6 јули ќе се одржи собраниската седница на која по втор пат ќе се гласа за Законот за ратификација на договорот за промена на името меѓу Македонија и Грција.
Најави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери. За овој закон претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише указот затоа што смета дека е противуставен и дека озаконувањето на оваа спогодба е кривично дело.
Според Уставот, законскиот проект оди по вторпат на гласање во Собранието и ако и покрај укажувњето на претседателот за неуставноста на материјата, пратениците гласаат „за“, претседателот на Собранието по вторпат го праќа законот на потпис кај претседателот.
Пред само два месеци таков случај веќе имаше со непотпишувањето на Иванов на указот за Законот за употреба на јазиците и по второт гласање во Собранието.