Градскиот парк за викендов преполн како и вообичаено бидејќи надвор има сонце, но граѓаните се движат само меѓу многуте луѓе, но не и на страна или пак седнати во тревата.
Тоа е така бидејќи тревата е неискосена и паркот лични на џунгла од која во секој моемтн може да ви излезе змија.
Слична е ситуацијата и со едно од езерцата во првиот дел од паркот кое е целосно пресушено и без доволно вода…
Надлежните од град Скопје очигледно пред нивните очи не гледаат што им се случува со оглед на тоа дека токму администрацијата и канцеларијата на градоначалничката се наоѓа на само десетина метри од паркот.
Ситуацијата дека не е само таква во градскиот парк говори и фактот што Арсовска се скара вчера и со техничкиот премиер Талат Џафери за неискосената трева пред Владата на Македонија.