Во Италија се случи нов пресврт. Откако претседателот на државата, Серџо Матарела, практично изврши државен удар, сакајќи за премиер да именува бирократ кој нема врска со изборите на кои победија Северната лига и Движењето пет ѕвезди и одбивајќи да го потврди мандатот на кандидатот предложен од оваа коалиција, Џузепе Конте, сите предвидуваа нови избори во август. Целта на Матарела и на Брисел е на тие избори сегашната мнозинска коалиција да го изгуби мнозинството и на тој начин Италија да се спаси од Влада која е евроскептична.
Но, проблемот настанал кога анкетите покажале дека на тие избори во август, поради државниот удар извршен од Матарела, повторно ќе победат Движењето пет ѕвезди и Северната лига, но сега ќе имаат многу повеќе гласови, зашто популарноста меѓу Италијанците почнала да им расте по потегот на претседателот на државата.
Поради тоа, бирократот Карло Котарели, бивш челник на ММФ, го вратил манадтот, а Матарела одново му го доделил на Конте кој практично му го доставил истиот список со министри. На тој список е и спорниот еврокептик, Паоло Савоне, човекот кој смета дека еврото ја уништува Италија и дека Германците командуваат со ЕУ, а останатите служат само за да се грижат за нивната благосостојба. Разликата е во тоа што овој пат Савоне не е претставен како иден министер за финасии, туку како министер за европски работи, што веројатно претставува слатка омазда на Конте.
Нов министер за финасии ќе биде Џовани Триа, кој наводно е помек евроскептик од Савоне. Но, медиумите веднаш потсетија на една негова колумна од 2016 година во која тој објаснува дека еврото ја фаворизира Германија. Тој, како и Савоне, не ја сака политиката на Европската централна банка и нерамнотежата во ЕУ, го критикува фиксниот курс на еврото зашто им дозволува на земјите како Германија да остваруваат вишоци во трговијата.