Претседателот на Казахстан, Касим-Џомарт Токаев, го разреши министерот за одбрана Даурен Косанов, неколку дена откако 14 припадници на армијата на земјата настрадаа за време на воена вежба.
Според друг претседателски декрет, Аидос Мирзахметов, поранешен командант на силите за специјални операции, е назначен за нов министер за одбрана на Казахстан.
Министерството за внатрешни работи на Казахстан пред два дена објави дека властите уапсиле петмина службеници на Министерството за одбрана, вклучувајќи го и првиот заменик-командант на морнарицата, поради инцидентот. Инцидентот се случил на 24 септември, кога припадници на казахстанската армија се истоварија од патролен брод на брегот на Каспиското Море, за време на лоши временски услови. Притоа само три лица беа спасени од морето. (МИА)




