Претседателот на Нашата Земја, Нашиот Стево, објави фотографија на тимот спасители од Нашата Армија од Нашата Земја кои веднаш по земјотресот заминаа да помагаат на настраданите од природната катастрофа во Турција и Сирија.

За да биде полесно за разбирање на ребусот нашата земја е Македонија, нашата Армија е Армијата на Република Македонија, а моментно претседател на таа земја е Стево Пендаровски, кој на Фејсбук објави:

– Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција. Честитки!- објави „Нашиот Стево“ на Фејсбук.

Споменува Турција, а не го споменува името на армијата и името на земјата од која тимот заминал во Турција

Моментов не е за потсмев и иронии, кога две земји се погодени од катастрофален земјотрес, но за претседателот на државата, секогаш е момент и време, да го знае и да го пишува името на земјата чиј претседател е, како и името на армијата чиј врховен командант е тој.

Името на Нашата Земја (намерно се големи букви и таму каде што не треба, з.м.) е Македонија, придавката е македонски, а ако ви создава проблем дополнителната придавка северна, тоа е ваш проблем кој вие го создадовте за да ни го „забетонирате идентитетот“.

(Д. Г.)